Распишани огласи за вработување во Рудникот Бучим. Отворени повеќе работни позиции…

Рудникот Бучим распиша огласи  за вработување 

Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:


 Машинобравар 1 група

  РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Замена на машински компоненти:Спроведување замени на основни машински делови на рударска опрема, според инструкциите и работниот налог;
  • Превентивна детекција на дефекти:Врши превентивна контрола во и вон работа на опремата и активно дава предлози за нивно отстранување;
  • Работа со рачен алат:Вешто користење на рачен алат за извршување на машинобраварски задачи;
  • Извршување на задачи според работен налог:Точно исполнување на задачите во предвиденото време, според налог на претпоставениот;
  • Примена на безбедносни мерки:Почитување на барањата за безбедност и здравје при работа на работната позција;
  • Почитување на работниот опис:Исполнување на сите работни задачи дефинирани во описот на работното место;
  • Извршување дополнителни задачи:Спроведување на други машино-браварски активности според налогот на претпоставениот.

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно стручно образование (Предност ќе имаат кандидати со завршена машинска или металска струка);
  • Пожелно претходно работно искуство за бараната позиција;
  • Способност за тимска работа;
  • Поседување на сертификати на дадената позиција (машинобравар) се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Од понеделник до петок во временски период од:

  • 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Машинобравар 1ва група “.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Медицинска сестра

 РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Дава прва медицинска помош во случај на повреда или влошена здравствена состојба на работното место;
  • Проценување на здравјето на лицата што се повредени при несреќи, природни катастрофи и други
  • итни случаи и утврдување на моменталната потребна помош која треба да се даде;
  • Вршење на медицински процедури, давање на лекови и други терапии одговарајќи на протоколот за итни медицински третмани, вклучувајќи вештачко дишење на пациентите и опремување со работна опрема;
  • Превентивно присуство и посветување на поголемо внимание на поголеми собири и други настани каде што можат да се случат несреќи;
  • Прави тријажа по потреба придружува до соодветна здравствена установа;
  • Аплицира сува или ампуларна терапија по налог на лекар;
  • Прави алкотест по налог на службата за обезбедување или ХТЗ службата;  
  • Евиденција на информациите за болните, условите и дадените третмани и чување на медицинските белешки;
  • Работи во смени и ги почитува ХТЗ стандардите

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Средно Медицинско Училиште, медицински профил – медицинска сестра/брат
  • Медицински Факултет / студиска програма – медицински сестри/техничари
  • 5 години работно искуство

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “МедицинскаСестра”.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Механичар

  РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Тековно и корективно механичко одржување: Врши механичко одржување превентивно и корективно кај рударската опрема (Багери, Дампери, Булдужери, Грејдери..) замена и монтажа на потрошени резервни делови по пишани процедури;
  • Читање и толкување на технички цртежи и монтажни шеми:Прецизно разбирање на работилнички цртежи од склопови и подсклопови за правилна демонтажа и монтажа на машински делови кај рударската опрема;
  • Превентивна детекција на дефекти:Внимателна контрола и дијагностика на дефекти на рударска опрема со цел да се избегнат хаварии по основната опрема;
  • Работа со рачен алат:Вешто користење на рачен, електричен и пневматски алат, хидраулични преси-радапцигери, моментирање на склопоми и тн.:
  • Извршување на задачи според работен налог:Точно исполнување на задачите во предвиденото време, според налог на претпоставениот;
  • Тимска работа:Учествување во тим заедно со машинобравари, заварувачии, кранисти активна за постигнување на заедничките цели;
  • Примена на безбедносни мерки:Почитување  на барањата за безбедност и здравје при работа на работната позција;.
  • Негување на позитивна работна атмосфера:Создавање и одржување на добра работна атмосфера со колегите;
  • Почитување на работниот опис:Исполнување на сите работни задачи дефинирани во описот на работното место;
  • Извршување дополнителни задачи:Спроведување на други механичарски активности според налогот на претпоставениот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно стручно образование (Предност ќе имаат кандидати со завршена машинска или металска струка);
  • Најмалку три години работно искуство за бараната позиција;
  • Способност за раководење со тим од 10 работници;
  • Способност за тимска работа и добра комуникација;
  • Сертификат за професионална обука на бараната позиција (механичар) се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Од понеделник до петок во временски период од:

  • 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Механичар”.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 


Подмачкувач

  РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Редовни сервиси: Врши редовни сервиси на мотор, трансмисија и хидраулика на 500,1000, 2000, 4000 и 5000 мото часа по годишен план за одржавање кај рударската опрема (Багери, Дампери и Помошна механизација-Булдужери, Утоварачи, Грејдери);
  • Полнење на маст во системи со централно подмачкување: Врши полнење и дополнување на маст на целокупната рударска опрема на неделно ниво по годишен план;
  • Визуелен преглед: Преглед на состојбата на деловите пред и по подмачкувањето и известување на предпоставениот за состојбата на истите.
  • Способност за работа со рачен и електричен алат:Вешто користење на електричен и пневматски алат и момент клучеви во извршување на работните  задачи;
  • Извршување на задачи според работен налог:Точно исполнување на задачите во предвиденото време квалитетно според налог на претпоставениот;
  • Контрола, пријавување и документација: Строга контола за типот и видот на маслата и мастите при полнење во рударската опрема, води евиденција за извршени активности по работен налог од претпоставениот;
  • Примена на безбедносни мерки:Почитување на барањата за безбедност и здравје при работа на работната позција;.
  • Почитување на работниот опис:Исполнување на сите работни задачи дефинирани во описот на работното место;
  • Негување на позитивна работна атмосфера:Создавање и одржување на добра работна атмосфера со колегите;
  • Извршување дополнителни задачи:Спроведување на други активности според налогот на претпоставениот.

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно  образование;
  • Најмалку три години работно искуство за бараната позиција;
  • Тимска работа: Способност за работа во тим и активна соработка за постигнување на заеднички цели.
  • Возачка дозвола Б категорија се смета за предност;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Од понеделник до петок во временски период од:

  • 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Подмачкувач”.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Работоводител во служба флотација и јаловиште

 РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  1. Организација и координација на работни активности:
  • Организира дневни и неделни задачи за машинобравари, заварувачи и други техничари;
  • Распоредува човечки ресурси според приоритет и итност на интервенциите;
  • Осигурува навремено присуство и ангажман на групата според сменскиот распоред;
  1. Контрола и следење:
  • Надгледува изведба на рутински, превентивни и интервентни одржувања на флотациони ќелии, мешалки, пумпи, мелници, цевководи, преносни системи и мешалки;
  • Осигурува дека работите се изведуваат според технички стандарди и безбедности протоколи;
  • Следи квалитет на поправките и функционалнсота на поправената опрема;
  1. Техничка поддршка и стручна проценка:
  • Препознава механички проблеми и предлага технички решенија;
  • Два насоки и поддршка при сложени интервенции;
  • Учествува при технички прием на нова опрема или по извршување на поголеми ремонти;

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно стручно образование (Предност ќе имаат кандидати со завршена машинска или металска струка);
  • Претходно работно искуство за бараната позиција ќе се смета за предност;
  • Способност за тимска работа;
  • Поседување на сертификати на дадената позиција (машинобравар) се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Од понеделник до петок во временски период од:

  • 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Работоводител во служба Флотација и јаловиште”.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Раководител на МО Лужење

 РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  1. Оперативни задачи:
  • Ја организира работа на дневно, неделно и месечно ниво;
  • Се грижи за машинското одржување и исправноста на опремата во погон Лужење;
  • Врши дневна контрола врз опремата;
  • Пријавува дефекти и обезбедува нивно навремено отстранување;
  1. Контрола и следење:
  • Контролира навремено и квалитетно извршување на работните планови;
  • Доставува податоци за матичните книги на опремата;
  1. Координација и соработка:
  • Надгледува и координира со вработени од другите служби;
  • Предлага мерки за подобрување на работењето;

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – Машински факултет;
  • Потребно работно искуство од 3 години;
  • Способност за тимска работа;
  • Солидно познавање на MS Office;
  • Возачка дозвола Б категорија;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Од понеделник до петок во временски период од:

  • 08:00 – 16:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Раководител на МО Лужење”.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Ракувач на пумпи за питка вода

 РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  1. Оперативни задачи:
  • Ракување со пумпи за транспорт на вода за пиење до различни делови од рудникот;
  • Вклучување и исклучување на пумпите според потребите на водоснабдувањето;
  • Следење на притисокот, протокот и нивото на резервоарите преку аналогни и дигитални мерни уреди;
  • Промена на работен режим на пумпите според потребата (автоматски / рачен);
  1. Контрола и следење:
  • Проверка на исправноста на пумпите и другите уреди (вентили, филтри, мерни инструменти…);
  • Водење на евиденција за потрошувачка на вода, работно време на пумпите и можни дефекти;
  • Следење на квалитетот на водата – примарно визуелна контрола и мерење на параметри ако е потребно;
  1. Одржување:
  • Основно одржување и подмачкување на пумпите и придружната опрема;
  • Чистење и одзатнување на филтри, цевководи и вентили;
  • Навремено пријавување на механички или електрични дефекти до надлежен мајстор или инженер;

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно стручно образование (Предност ќе имаат кандидати со завршена машинска или металска струка);
  • Претходно работно искуство за бараната позиција ќе се смета за предност;
  • Способност за тимска работа;
  • Поседување на сертификати на дадената позиција (машинобравар) се смета за предност;
  • Возачка дозвола Б категорија;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Полно работно време распределено во 5 дена во неделата во две смени со следниот распоред:

  • 06:00 – 14:00 часот прва смена;
  • 14:00 – 22:00 часот втора смена;
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Pакувач на пумпи за питка вода”.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Ракувач на хранилки на отворен склад

  РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Ракување со хранилки и приемна опрема: Ракува со различни типови хранилки за урамнотежено и стабилно доведување на руда кон секундарните и терцијарните дробилки, Го прилагодува протокот на материјал според упатства од сменски раководител и внимава на спречување на преоптоварување, заглавување или нерамномерно полнење.
  • Следење на рудниот склад и транспорт: Врши визуелна проверка на расположливиот материјал на отворениот склад (stockpile) и известува за количините, присуство на блокови, кал, несоодветен материјал, Комуницира со оператори на багери за доведување руда до хранилките, осигурува правилна селекција на руда според гранулометрија и тип (влажна, сува блоковита…).
  • Чистење и одржување: Одржува работна хигиена околу хранилките, преминувачи, рампи и засипници, Отстранува заглавен материјал рачно или со помош на алат каде што е безбедно и дозволено и Учестува во чистење при застои, исклучувања и подготовки за ремонти.
  • Комуникација и координација: Комуницира со оператори во дробење и сменски раководители, Известува за нарушувања на процесот – дефекти, заглавувања, истекувања, присуство на надворешни елементи во рудата (дрво, метал, пластика и сл.) и Пријавува секоја опасна ситуација или близу-промашување (near-miss) според безбедносни процедури.
  • Поддршка на технолошкиот процес: Внимава на стабилноста на доставата на руда со цел да не се преоптовари дробилката или да се работи без руда, Учестува во реализација на дневен план за преработка според задачи од сменски раководител и Дава податоци за потрошен материјал, застои и непродуктивни периоди при промена на смена.
  • Дополнителни задачи: Извршува и други задачи поврзани со производниот процес по налог на претпоставениот (сменоводител, технолог, инжинер).

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно стручно образование (Рударско геолошка и металуршка струка ќе се смета за предност);
  • Комуникативност, дисциплинираност;
  • Технолошки процеси на преработка на руда.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Ракувач на хранилки на отворен склад”.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Ракувач на хранилки под силоси

 РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Прием на суровина (руда) од силоси и визуелна контрола на квалитет на материјал
  • Ракување со уреди во процес пред флотација
  • Следи ниво на материјал и сигнализира
  • Контрола на автоматско дозирање на руда на транспортни системи
  • Испорака на руда преку транспортни ленти од еден во друг дел на процесот
  • Управување на транспортни ленти и пријавува дефекти
  • Правилно пуштање, сопирање и вршење на останати операции  со машините во постројката
  • Следи инструкции и процедури за правилна работа
  • Управување со количина на транспортирана руда и собирање на растур на руда
  • Пријава и отклонување дефекти на работното место со сменски раководител

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно образование (Предност имаат кандидати со металуршка и рударско геолошка струка);
  • Комуникативност, дисциплинираност;
  • Технолошки процеси на преработка на руда.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Ракувач на хранилки под силоси”.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

 


Ракувач на филтер

 РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Ја планира подготвува и контролира својата работа со работење и контрола на работни машини-филтри според стандардна процедура и соодветни работни упатства
  • Врши пуштање, стопирање, штелување и чистење-перење на филтрите
  • Го познава квалитетот на концентратот и врши контрола на процесот на одводнување
  • Применува стандардни процедури за чистење на кондиционери
  • Ја проверува хигиената и исправноста на машините како дел од оперативниот процес
  • Контрола и управување на кондиционери и агитатори
  • Врши одржување и хигиена на работниот простор
  • Извршување дополнителни задачи:
  • Спроведување на други активности според налогот на претпоставениот, како дел од сменскиот тим за работа

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно образование (Предност имаат кандидати со металуршка и рударско геолошка струка);
  • Способност за тимска работа;

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
  • Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.

РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во смени со следниот распоред:

  • 06:00-14:00 часот
  • 14:00-22:00 часот
  • 22:00-06:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Оглас за Ракувач на филтер”.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.


Ракувач со пумпи

  

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

Оперативни задачи

  • Извршува работни задачи поврзани со одводнување на ПК, работа на бунарски систем за водоснабдување, третман на санитарна вода и одржување на канализациона мрежа.
  • Ракува со пумпи, вентили, филтри и друга придружна опрема за водоснабдување и одводнување.
  • Следи и регулира проток, притисок и ниво на вода преку аналогни и дигитални мерни уреди.
  • Врши вклучување и исклучување на пумпи и уреди според потребите на процесот.
  • Обезбедува правилно функционирање на системите за санитарна и отпадна вода.

Следење и контрола на работните процеси

  • Врши редовен преглед и контрола на работата на опремата.
  • Превзема активности за навремено и правилно отстранување на дефекти и проблеми.
  • Осигурува дека работата во одделението се изведува според технички правила, прописи и препораки на производителот на опремата.
  • Води евиденција за работното време на машините, потрошувачката и извршените интервенции.
  • Следи парaметри за квалитет на вода и доставува извештаи до претпоставениот

.

Соработка со други сектори

  • Соработува со други организациони единици при работа на системите за водоснабдување и канализација.
  • Пријавува забележани неправилности и предлага мерки за подобрување на процесите.
  • Учестува на состаноци и дискусии за подобрување на ефикасноста и безбедноста на работењето.

Друго

  • Врши и други задачи по налог на претпоставениот.

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ССС – Технички насоки;

 

 РАБОТНО ВРЕМЕ:

Работа во три смени со следниот распоред:

  • 06:00 – 14:00 часот – прва смена;
  • 14:00 – 22:00 часот – втора смена;
  • 22:00 – 06:00 часот – трета смена.

 

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Ракувач со пумпи“.

Краен рок за поднесување на апликации: 23.09.2025 година.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани.

ДПТУ Бучим ДООЕЛ  го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.

Погледнете повеќе

Повеќе информации