Рудникот Бучим распиша оглас за вработување Диспечер
Информирајте се подетално за работните задачи и потребните квалификации, како и начинот на аплицирање:
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Детална евиденција за производство: Со детали запишува од каде има утовар и транспорт на руда и раскривка, од која локација (етажа), од кој багер, со кој дампер. Со детали ги запишува сите ефективни часови на возниот парк, и целата опорема на ПК;
- Детална евиденција за застои: Со детали запишува која опрема е исправна или ако е неисправна која е причината, го запишува време траењето на секој застој на целата опрема на ПК
- Следење на систем ГПС: Пристап до веб страната на KOMATSU, од каде што е поголем дел од опремата за која што се води детална евиденција;
- Соработка со други служби: Соработка со другите служби на ПК и почитување и спроведување на дадените инструкции и упатства;
- Безбедно движење низ рударскиот коп: доколку се појави потреба за одење на коп исклучиво во присуство на раководителот на смена;
- Почитување на мерките за безбедност: Користење на лична заштитна опрема и почитување на процедурите за безбедност и здравје при работа;
- Координација со други служби: Организација на работата во вид на испомош со другите служби, пример обезбедување на дежурно возило, запишување на детали од работата и т.н..
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ССС – Средно образование, предност ќе имаат кандидатите со завршен рударски факултет;
- Microsfot Office – одлично познавање на MS Excel, MS Word;
- Возачка дозвола Б категорија;
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентни услови за работа со месечна плата која одговара на квалификациите и искуството;
- Обезбеден оброк и превоз до и од местото на работа;
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
- Почетен договор на определено време, со можност за продолжување.
РАБОТНО ВРЕМЕ:
Работа во 3 смени со следниот распоред:
- 06:00 – 14:00 часот
- 14:00 – 22:00 часот
- 22:00 – 06:00 часот
Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, Ве молиме да го испратите Вашето CV (работна биографија) на македонски јазик на hr@bucim.mk, заедно со копија од дипломата за завршено образование. Во предметот на пораката наведете “Диспечер”.
Краен рок за поднесување на апликации: 28.05.2025 година. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Нецелосно пополнетите CV и непотполна документација нема да бидат разгледани. ДПТУ Бучим ДООЕЛ го задржува правото да не ја пополни огласената позиција. Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. |