Сите службени возила во земјата до 15 септември ќе добијат црвени регистарски таблички, со цел да се намали нивната злоупотреба за приватни цели. Промоцијата веќе беше направена пред СЦ „Борис Трајковски“, со возила од Царината и Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Ова е суштинска реформа што ја зајакнува довербата на граѓаните,“ изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
Ако некоја институција не ја исполни обврската до рокот, возилото ќе добие црвени ознаки при следната регистрација. Македонија има околу 7.500 службени автомобили – повеќе од сите соседи: Србија (6.000), Црна Гора (4.700) и Хрватска (4.000). За споредба, Германија има под 1.000, а Шведска десетина.
Иако мерката носи транспарентност, законот не предвидува казни за функционери што би ги користеле автомобилите приватно. Антикорупциската комисија предупредува дека тие често се злоупотребуваат за време на изборни кампањи и бара воведување на евиденција и санкции.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови