Во периодот од 22.00 часот на 28.09.2019 до 04.00 на 29.09.2019 на подрачјето на СВР Струмица во кој спаѓа и ПС Радовиш била спроведена акциска контрола со цел откривање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол.
Во акцијата биле контролирани 178 возачи.
Кај 26 возачи е утврдено присуство на алкохол, поради што истите биле соодветно санкционирани и времено им се одземени возачките дозволи.
Покрај прекршоците по акциската, констатирани се и 10 останати прекршоци за кои на возачите им се издадени соодветни платни налози – информираат од СВР Струмица.




















