Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираше дека биле отстранети неексплодирани артилериски гранати во Општина Конче.

Како што посочија од во објавата, во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Радовиш било пријавено дека во атарот на селото Лубница, Општина Конче, биле пронајдени шест артилериски гранати со калибар од 100 милиметри, кои потекнуваат од Првата светска војна.

„Стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пиротехничарот Зоран Пеев, безбедно ги отстрани гранатите за понатамошна постапка за нивно уништување на полигонот Криволак“, велат од ДЗС.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!