Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов излезе со Демант на објавените информации дека водат за пиење во Општина Конче не е безбедна за консумирање, тој вели:
Во врска со изнесените невистини, клевети и манипулации од страна на мојот политички опонент, со кои се предизвикува вознемиреност и страв кај жителите на општина Конче, сакам јавно да ја известам јавноста: Водата за пиење во општина Конче е безбедна и исправна за користење, што е потврдено со најновите лабораториски анализи изработени од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Штип, врз основа на примероци земени директно од сите водоводи кои се хлорираат и од кои се снабдува населението. Тврдењата дека водата е „техничка“, „забранета за пиење“ или „полна со бактерии“ се целосно невистинити, неточни и политички мотивирани. Таквите лаги се обид за манипулација и дезинформирање на граѓаните. Прикажаните фотографии се однесуваат на селски чешми кои не се во надлежност на ЈКП ЛАКАВИЦА, врз кои нема соодветен третман и не се дел од водоснабднителниот систем –информираше Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови