Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на денот извршил неколку кражби во Велес, односно од дом на 70-годишната С.С., одзел два мобилни телефони, од домот на 81-годишната П.С. еден мобилен телефон, од Љ.Љ.(68), додека бил во бифе, паричник со пари и од 46-годишната Н.К., додека била на работа во продавница, одзел паричници со пари.
Кај него биле пронајдени мобилните телефони, како и дел од парите и еден паричник и тие се вратени на сопствениците, соопшти МВР.
Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
*фото Архива


