Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, жестоко реагираше на одлуките и упатствата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Државната изборна комисија (ДИК), обвинувајќи ги за лицемерие и селективен пристап кон различни политички партии. „Видете го лицемерието на АВМУ и ДИК. Кога беше за ‘Независните’ не им беше проблем да се стават во улога на законодавец и со подзаконски акт да регулираат правна празнина. Кога е за ЗНАМ, дури во Упатството за платено политичко рекламирање измислуваат и нов вонзаконски термин ’поддржувач’ (иако законот оперира само со терминот ’коалиција’), за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, иако не се формално во коалиција и имаат две бројчиња. Ама кога е за Левица – не можеле они да толкуваат!? “ пишува на социјалните мрежи Апасиев. Тој потсети дека целта на законот е сите партии, и парламентарни и вонпарламентарни, да имаат еднаков пристап до средства за рекламирање во изборната кампања: „Тоа во правото се вика телеолошко толкување, ама многу сте прости, пакосни и корумпирани да го сфатите, па се држите само до граматичко-позитивистичкото“, вели Апасиев. Апасиев предупреди дека ова е прв случај во историјата на независна Македонија една легална регистрирана партија да биде ефективно спречена да се рекламира, дури и со сопствени пари. „За оваа политичка дискриминација ќе се расправа дури и во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Но, верувајте, неправдата ќе предизвика ефект на бумеранг. Народот гледа и интуитивно се солидаризира со оној на кој му се прави лошотилак!“ – порачува тој. Од Левица најавуваат дека нема да застанат само на јавното негодување. „Нашиот правен тим ќе поднесе кривични пријави и тужба за оштета против сите членови на ДИК и Советот на АВМУ, за предизвикана материјална штета. Ќе биде ангажирано финансиско вештачење за да се утврди износот“, најави Апасиев. На удар ја стави и улогата на Уставниот суд, кој според него, останува пасивен: „Уставниот суд пак, како по обичај, не е од тука. Фатен е во зимски сон, иако плурализмот и фер изборите се темелни вредности на уставниот поредок кои тој треба да ги штити“. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денешен ден 25 Септември… Во Дедино се започна со изградба на улици покрај река Дединска од крстосници со улици…