Викендот што претстои 8 и 9 јули за ново велосипедско искуство во општина Конче. Дводневниот настан “Авантурите на Конче и Мантово“ во кој ќе можеме да се запознаеме со природните убавини и локалните особености во овој дел на Македонија ќе биде на локација кај Влашки Колиби, Езеро Мантово, а овој проект е ко-финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија Учеството е бесплатно со задолжителна претходна регистрација преку линкот https://www.prvdovrv.mk/konche Програма: Сабота, 8 јули 10-15 часот Пристигнување и регистрација за поставување на сопствена камп опрема 17:00 Мала велосипедска тура околу Езерото Мантово 20:00 Вечера 21 – 00 Забава со Troya Band и DJ Flowzy Недела, 9 јули – 8:00 Доручек – 10:00 Голема велосипедска тура – 15:00 Ручек Правила за учество – Во турата може да учествува секое полнолетно лице (или малолетно во придружба на родител или старател) кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински патеки. – Секој учесник задолжително треба да има технички исправен велосипед за возење по планина и off-road, кацига, резервна внатрешна гума, облека според најавените временски услови, шише за вода, неопходна храна за ден поминат во природа – Учесниците кои ќе се движат пред или побргу од водичот на турата или самоиницијативно ќе истапат од групата и предвидената патека за возење, тоа го прават на сопствен ризик и одговорност – Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците – Секој учесник во турата вози на сопствена одговорност и според своите можности, и е лично одговорен за евентуалните несакани последици – Организаторот го задржува правото за измени на турата предизвикани од објективни новонастанати фактори, како и предвремено затворање на пријавувањето доколку бројноста на групата го достигне планираниот максимум. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „ОРАОВИЦА 2023“ СО НАГРАДЕН ФОНД ОД 290.000 ДЕНАРИ НА ПАТОТ РАДОВИШ-СТРУМИЦА ПРИВЕДЕН КРИУМЧАР КОЈ ПРЕВЕЗУВАЛ СЕДУМ ЛИЦА МИГРАНТИ