Радовишани денес имаа можност да приусуствуваат на мобилниот парламентарен караван, насловен „Собрание за граѓаните“, кој што е дел од активностите на Собранието на Македонија за зголемување на транспарентноста и отчетноста. На овој караван денеска учествуваа пратениците од Радовиш во Собранието на Република Македонија Здравко Трајанов и Коле Чаракчиев. Целта на овој караван беше граѓаните и учениците да се запознаат со во неговите активности, да се здобие знаења за работата на Собранието, историјата на парламентаризмот, законодавната постапка и други теми од работата на институцијата. Мобилниот парламентарен караван во Радовишќе беше поставен на плоштад „Св. Спасо Радовишки“. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation КАНИ БЕКО ПРАТЕНИКОТ ОД ТУРЦИЈА, ИЗМИР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ МВР БИЛТЕН: ФИЗИЧКИ НАПАД И АГРЕСИВНО ОДНЕСУВАЊЕ СО ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ