Денеска Струмица беше во знакот на спортот, рекреацијата и позитивната енергија, каде што се одржа спортскиот настан „Струмица на улица – Sunday Run 2026“, кој собра над 1.000 учесници и љубители на трчањето. Учесниците имаа можност да ги покажат својата издржливост, подготвеност и спортски дух на трките во должина од 5, 10 и 20 километри. На овој спортски настан учество зедоа и голем број натпреварувачи од Радовиш, кои успешно го претставија својот град, покажувајќи посветеност, издржливост и вистински спортски дух. Радовишките тркачи остварија забележителни настапи и освоија признанија, а посебен успех постигна Марија Гинова, која го освои третото место на трката на 20 километри во женска конкуренција. Настанот ја претвори Струмица во вистински центар на спортот и активниот живот, испраќајќи силна порака за важноста на физичката активност, здравите навики и дружењето преку спортот. Честитки до сите учесници од Радовиш за успешниот настап и достојното претставување на нашиот град! Струмица трчаше, се дружеше и живееше во ритамот на спортот! Ваш информативен портал Radovis News – www.radovisnews.mk © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation КОГА ИЊЕВО СЕ СОЕДИНУВА! – ЗФТ „ИЊЕВСКА ГАЈДА“ НА ТУРНЕЈА ВО АВСТРИЈА