Вчерашното невреме кое го зафати Радовиш и населените места после 18.30 часот, повторно предизвика големи материјални штети врз патната инфраструктур, земјоделските посеви и домовите на нашите сограѓани. Двочасовното невреме најмногу беше изразено во градот и населените места Раклиш, Ораовица и Подареш. Од наносите и пороите кои се акумулираат од течението на атмосферските води беа поплавени пристапните патишта и локалните улици низ овие населени места. Денес екипите на јавното претпријатие и стручните служби на локалната самоуправа вршат проценка на настанатите штети и санација на дел од пробелмите предизвикани од пројните дождови и силниот ветар. Од општина Радовиш бараат за разбирање од граѓаните за обемот на работа, истакнуваат дека ангажирана е комплетната механизација за расчистување на наносите од земја и отстранување на паднатите дрвја и гранки. Post navigation КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА РАДОВИШАНИ ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ ВО ПОВЕЌЕБОЈ