Во очекување на утрешниот втор дуел од пролетниот дел на Втората македонска фудбалска лига против екипата на ФК „Тетекс“, денес на Градскиот стадион поддршката дојде и од Градоначалникот на општина Радовиш Љупче Почивалец и од Генералниот директор на главниот спонзор Детонит, Мирослав Николиќ. Посакувајки им успешни резултати во пролетната полусезона и постигнување можност за влез во Првата македонска фудбалска лига, Градоначалникот потенцираше дека сериозно се работи на подобрување на спортската инфраструктура и условите за тренинг и натпреварување на сениорските и детските категории. „Радовиш отсекогаш е бил и ќе биде фудбалски град“ посочи Градоначалникот, притоа нагласувајки дека мотивацијата и успехот на самиот тим е успех за целата општина и за граѓаните кои даваат несебична поддршка на клубот. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денеска се одржа 11. седница на Советот на Општина Радовиш, на која советниците разгледаа и дискутираа по повеќе точки од дневниот ред. Мартинка во чест на месец Март и доаѓањето на Пролетта