Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за култура и туризам и Комисијата за финансирање и буџет.

На седницата на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини.

Концесискиот надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина со одлука на Влада да биде распределен помеѓу општината на која се врши концесиската дејност и општините на чија територија се преработува и одлага јаловината од преработката на минералната суровина, ова беше вчера претставено од нашата претставничка во Собрнието на Република Македонија Моника Трајанова на собраниската седница каде беше предложен Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини по скратена постапка.

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации