Новото раководство на ОО СДСМ Радовиш започна со состаноци и работа. Како што беше истакнато во ОО СДСМ Радовиш се оддржал значаен и отворен состанок на кој се извршило примопредавање на функцијата претседател.
Претходната претседателка, Нина Иванова, ја предаде одговорноста на новиот претседател Ристо Спасов, кој истакна дека само заеднички, со сплотеност и активна работа, можеме да го трасираме патот кон подобро утре за сите нас. Притоа, изрази благодарност за досегашниот труд и ангажман, нагласувајќи дека секој член и поддржувач е важен во создавањето на посилна и поорганизирана општинска организација, која ќе работи во интерес на граѓаните – истакнаа од СДСМ
На состанокот се отвори конструктивна дискусија за моменталните состојби во државата, како и за актуелните предизвици со кои се соочува нашата општинска организација. Новиот претседател порача дека само со заедничка посветеност можеме да одиме напред и да создадеме позитивни промени.
Продолжуваме со јасна визија, уште поголема енергија и сплотеност – за доброто на сите наши сограѓани! – информираат од СДСМ Радовиш.
Кој е Ристо Спасов новиот претседател на ОО СДСМ Радовиш?
Долгогодишен член на СДСМ, кој во минатото беше и претседател на СДММ во Радовиш, познатиот градски лик, Ристо Спасов или познат како Клинсман е нов претседател на ОО СДСМ Радовиш, поранешен Советник во Советот на Општина Радовиш, редовен професор по Физичка култура.
Одлуката ја донел претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Извршниот одбор на партијата, за што соопшти и самиот Спасов: Почитувани членови, симпатизери, другари со одлука на Претседателот Венко Филипче сум избран за Претседател на нашата О.О.
Претседателот е Доктор ХИРУРГ па хируршки прецизно избра кој треба да го води СДСМ Радовиш.
Ми претставува голема чест, но и уште поголема одговорност да бидам ваш Претседател.
Пред мене и пред сите нас е голем предизвик од кои сплотени сите заедно ќе излеземе како победници, напиша Спасов.
Објавата на Ристо Спасов кога беше именуван за од Претседателот на партијата Венко Филипче.