Во просториите на Општина Конче беше оддржана четвртата по ред и последна форумска сесија од програмата ,,Зајакнување на општинските совети ” -Фаза-2 , поддржана од УНДП ,МЛС ,Швајцарска влада и МИО.

Градоначалникот Златко Ристов упати благодарност до сите вклучени институции и секако до сите граѓани на општина Конче кои земаа свое учество во изминатиот период. Од  предложените проекти најмногу бодови освои предлогот на групата од НВО – набавка на нов Камион-кипер.

Продолжуваме со грижата за подобрување на условите во секојдневното живеење на сите граѓани – истакна Градоначалникот Златко Ристов.

 


error: Содржината е заштитена !!