ЗАПОЧНУВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО СО МНОГУ ДОЖДОВИ

Од утре, а особено за време на викендот, целиот Балкан ќе биде под влијание на силен циклон кој ќе донесе локално силно невреме, проследено со многу дожд, силни грмежи, крупен град и олуен ветер.

Температурите драстично ќе се намалат, што значи за викендот доаѓа вистинска есен на Балканот.

Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, претежно југозападен ветер. Вдолж Повардарието и во Пелагонија ветерот ќе засилува. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата.

До недела претпладне ќе се задржи сончево и топло време за овој дел од годината со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер. Утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

Погледнете повеќе

Повеќе информации