Деновиве интензивно се работи на проектот за целосно завршување на регулацијата на коритото на Ораовичка Река, со што значително ќе се зголеми безбедноста од поплави и ќе се намали ризикот за околните објекти и земјоделски површини.

Паралелно со градежните активности, спроведено е и темелно чистење на наносниот материјал, вегетацијата и шутот од коритото, со цел да се обезбеди непречен проток на водата и долгорочна функционалност на речното корито.

Со оваа интервенција се прави уште еден чекор кон уредена, побезбедна и поеколошка животна средина за сите граѓани – информираше Градоначалникот Љупче Почивалец.

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!