Јовица Илиќ – кантавтор, поет, професор по филозофија. Неговите книги и музички изданија ги менуваат стандардите на она што се нарекува популарна музика, свој во своето, без компромис, со јасен музички израз, борец за вистинската уметмост и со огромна недоверба кон сето она што се нарекува музичка сцена.

Во рамки на 53. Караманови поетски средби, Илиќ, кантавтор, поет и професор по филозофија, пред радовишката публика го претстави својот солистички концерт насловен „АВТОБИОГРАФСКО КИНО“.

Автор со автентичен уметнички израз, без компромиси и со јасен став за вистинската уметност, Илиќ преку своето творештво ги поместува границите на популарната музика, нудејќи поинаков поглед кон музиката, поезијата и уметноста.

По концертот, разговаравме со него за впечатоците од настапот, за она што им го понуди на присутните, за концептот на „Автобиографско кино“, но и за неговиот однос кон музиката, поезијата и современата музичка сцена.

Во продолжение, интервјуто со Јовица Илиќ.

 


Radovis News: Јовица вие сте кантавтор, што е е тоа од денешна перспектива, како гледате на тој музички жанр?

ЈОВИЦА: Да се биде кантавтор тоа значи да се развие чувство за стварност. Не стварност која се наметнува и која сака да го стави светот во розови очила, напротив стварност која е таква како што ја доживува кантавторот, кој е творец и уметник на свет,кој низ емоции и чувства го одсликува светот. Терминот кантавтор неможе да се вклопи во жанр, тоа би значело дека тој припаѓа некаде тогаш тој би ја изгубил оргиналноста, да се биде кантавтор во вистинска смисла, значи да се биде свој, да се бори за вистината, која низ текст, кој секогаш е во преден план, во тој израз создаде слика за животот, љубовта, патувањата, тагата или радоста. За да бидам по јасен, германскиот филозоф Фридрих Ниче,  вистинска уметност ја сметаше единствено онаа која е испишана со сопствената крв. Така да во тој дух да се биде кантавтор значи да се пишува од себе со секое крвно зрнце.

 

Radovis News: Зарем тој пат не е тежок?

ЈОВИЦА: Сите ние сакаме да живееме удобно, свесно стануваме конформисти, колку повеќе стремиме кон удобното ја забораваме суштината го губиме идентитетот. Формата на животот не обликува, таа форма понекогаш е водена од сосема нехумани мотиви, видете ги само агресивноста и насилството, тоа е израз на бегство од себе. Тој пат е можеби потежок бидејќи е свртен против другиот, а другиот или друѓите треба да се наши браќа. Човекот е оној кој треба да владее со себе со стварноста и животот но за тоа е потребно знаење, ние го потценивме умот. А овој свет е умно создаден. Стремиме кон удобноста а се забораваме себе. Диоген живееше во буре и сред бел ден бараше човек. Од денешна перспектива изгледа како мит. Но ние го убивме Диоген стана неважно да се бара човек. Мислам не би сакал да должам, ние луѓето го распнавме и Христос. Во таа смисла да тежок е тој пат но е пат на идентитетот и доаѓањето до себе.

 

 

Radovis News: Во рамки на 53. Караманови поетски средби имавте солистички концерт насловен како АВТОБИОГРАФСКО КИНО, како сте задоволен и што им понудивте на публиката.

ЈОВИЦА: Овој програм со мои авторски песни го спремам подолго време, Центарот за култура Ацо Караманов на кои сум им благодарен ме удостоија да го промовирам тој материјал.  Настанот беше во музејот на уметноста. Атмосферата беше опуштена – непосредна, топла и ја пренесов својата емоција кон публиката, публиката многу ми значи, видов насмевка, видов израз кој ветува дека ме препознава. Понекогаш имам чувство дека ќе бидам неразбран, тоа не ме загрижува но ме вознемирува бидејќи сакам да пренесам нешто кое сметам дека денес е значајно и потребно. Уметноста не е забава. Самиот збор уметност во основата го има зборот УМ – етност, значи таа е тука да не присети на најтемелните вредности на животот, затоа и уметноста е опасна за секој тоталитарен систем. Сетете се само колку книги биле спалени, колку писатели биле затварани. Видете ја песната т га за југ, таа не е пишувана во конфор,туку со една носталгија. Или Кочо Рацин кога бил во затвор во Сремска Митровица (1934 – 1936) не застанал со пишување. Постои една друга страна на она што се нарекува музичка сцена, тоа што е сцена денес е всушност индустрија, во индустријата нема душа, како што и во вештачката интелегенција нема душа колку и да таа изгледа привлечно. Јас на публиката им го претставив својот живот, концертниот наслов АВТОБИОГРАФСКО КИНО е симбол на лентите од мојот живот полн со падови но и успеси. Многу ми значеа топлите насмевки и препознавањето на она што го работев. Мојата гостинка на вечерта Кристина Казанџиева внесе еден посебен момент на емоција и искрен евергрин македонски од душа и со корен на трајна вредност. Не би додал ништо. Изразувам само благодарност до публиката таа е критериум на она што е добро а што лошо. Публиката оценува.

 

Radovis News: Какви се вашите идни планирања?

ЈОВИЦА: Овој материјал ќе биде промовиран во Белград на 5 ти декември, во рамки на денови на Џура Јакшиќ, мојот солистички концерт ќе биде на Скадарлија во куќата на Џура јакшиќ. Така да имам уште некои теми кои треба да ги доработам. Имам и нова книга тоа се раскази со наслов „Приказни од Никуљане“, која требда да биде објавена некаде во јануари значи 2027 година. Во Осијек промовирав ЦД со моја музика на текст на универзитетската професорка по филозофија Дарија Рупчиќ,  воедно таа е тренер по ритмички танци, снимав и спот а целиот тој рок сингл го подариме во хуманитарни цели за лица со алцехајмер. Работам музика за поетесата Неда Гавриќ од Бања Лука има прекрасни стихови. Имам многу ангажмани и сеуште сум во добра работна кондиција. Многу ми се важни мотивите, опкружувањата исто така. Имам чувство дека правам нешто трајно, не сум трговец и не сум бил. Но нашите планирања зависат од многу нешта, човековата судбина е огромна загатка.

 

ПРАШАЊЕ:Ви благодарам Јовица на ова интервју се надевам дека ќе имаме можност и во однина да рамениме мислења и искуства

ЈОВИЦА: Ви благодарам и на Вас, насрдечно ве поздравувам со желба за соработка и добри дела. Живееме во мала средина но не безначајна, затоа и на насловниот плакат во моето АВТОБИОГРАФСКО КИНО го ставив својот стих, кој впрочем е една парафраза на францускиот поет Жак Превер а тој стих оди вака  „… а сите големи работи доаѓаат од провинција како и Сена што би рекол Превер…“ , се мисли на реката Сена која извира од провинциската област Сурс – Сен но е симбол на Париз.  


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!