Меѓународниот ден на шегата 1-ви Април, и оваа година ќе биде одбележан на начин кој беше органзиран традиционално пред пандемијата, со мозаикот на детската фантазија изразена преку бајките што ги читаат, филмовите што ги гледаат и музиката што ја слушаат! Општина Радовиш и Центарот за култура „Ацо Караманов’’ во соработка со воспитно-образовните установи на 01.04.2022 год. (Петок) ја организираат традиционалната манифестација „Априлијада 2022“ каде што е предвидена програма: 10:30 час. – Дефиле на учесниците – место на тргнување бул. „Александар Македонски“ – пред зградата на општина Радовиш, движење по ул. „22 Октомври“ се до Плоштад „Св.Спасо Радовишки“ 11:00 час. – Плоштад Св.Спасо Радовишки -Поздравно обраќање -Претставување на поединечни и групни маски -Доделување на признанија и затворање на манифестацијата. Заедно на плоштадот да уживаме во мозаикот на детската фантазија изразена преку бајките што ги читаат, филмовите што ги гледаат и музиката што ја слушаат. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation БОРАЧИТЕ ОД БК „БУЧИМ“ НА ПРИЕМ ВО ОПШТИНА РАДОВИШ ТУРЦИТЕ БАРААТ ВО КАРБИНЦИ, КОНЧЕ И ВАСИЛЕВО И ТУРСКИОТ ДА Е СЛУЖБЕН ЈАЗИК- ТХП: Законот за употреба на јазици да се имплементира согласно резултатите од пописот