Младиот радовишанец Кирил Котев повторно ги потврди својот талент и квалитет, остварувајќи одличен настап на меѓународниот пливачки митинг „Охрид Опен 2026“, кој викендов се одржа во Охрид со учество над 200 пливачи од повеќе држави. Кирил настапи во пет дисциплини, при што освои три медали, а во уште две трки го освои четвртото место, што претставува уште еден значаен успех за младиот пливач со радовишки корени. Иако живее со своето семејство во Холандија, Кирил редовно настапува на натпревари и бележи врвни резултати. Ова не е прв голем успех на Кирил на митингот „Охрид Опен“. И претходните години тој се враќаше со одлични резултати, продолжувајќи да го потврдува својот континуиран напредок и спортски потенцијал. Успесите на Кирил Котев претставуваат гордост за Радовиш и Македонија, а неговата посветеност и упорност се доказ дека со многу труд и работа можат да се постигнат врвни резултати. Му честитаме на Кирил за новиот успех и му посакуваме уште многу медали, лични рекорди и настапи на европски, светски и олимписки натпреварувања. Браво, Кирил! Радовиш се гордее со тебе! © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ГРАЃАНИТЕ СО МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ДА ГИ ПРИЈАВАТ ДО ОПШТИНСКАТА КОМИСИЈА ПОНЕДЕЛНИК НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ – ПО ПОВОД ВТОРИ AВГУСТ „ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА“ – НЕРАБОТЕН ДЕН