Успешно заврши седмиот по ред Меѓународен турнир во борење „Трофеј Светски шампиони – Боречки легенди 2026“, кој во Радовиш собра повеќе од 170 борачи од Молдавија, Грција, Бугарија, Косово и Македонија. Боречкиот клуб „Бучим“ од Радовиш го освои првото место во екипниот пласман, потврдувајќи го квалитетот и успешната работа со младите спортисти. Трофејот за најуспешен борач му припадна на Мехмед Усеинов, за најдобар домашен борач беше прогласена Изабела Зајков, додека признанието за најдобар странски борач го освои Аспарух Аспарухов од бугарскиот клуб „Левски“. Младите борачи на БК „Бучим“ остварија одлични резултати, освојувајќи три златни, три сребрени и шест бронзени медали. Златни медали освоија Изабела Зајков, Димитар Атанасов и Мехмед Усеинов. Сребрени медали освоија Анабела Поцева, Иса Демирша и Беркај Агушев, додека бронзени одличја освоија Виолета Зајков, Давид Зајков, Берк Демирша, Спас Димитров, Теодор Костадинов и Младен Ефтимов. Седмото издание на турнирот уште еднаш потврди дека манифестацијата прераснува во значаен меѓународен спортски настан, кој привлекува сè поголем интерес кај борачите и публиката. Честитки до сите учесници и организаторите за успешната реализација на турнирот! © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ⚽ ОФЛ: ФК ГОТЕН СО ФАНТАСТИЧНИ 1:8 НА ГОСТУВАЊЕТО, ФК СЛОГА И ФК НАПРЕДОК СО РЕМИ 3:3!