Во свечена и достоинствена атмосфера, исполнета со почит и благодарност, се одржа манифестацијата за доделување на годишни награди за професори и наставници, посветена на оние кои со својата работа, посветеност и знаење оставаат траен белег во образованието.

На настанот беа одликувани наставници и професори кои во текот на изминатата година се истакнаа со професионалност, иновативност, успешна работа со учениците и значаен придонес во развојот на воспитно-образовниот процес.

Присутните имаа можност да уживаат во свечена програма, инспиративни обраќања и моменти исполнети со емоции и искрено признание за трудот на просветните работници – луѓето кои ја градат иднината на новите генерации.

Признанијата ги додели градоначалникот Љупче Почивалец, кој им упати честитки и благодарност на сите наградени за нивната несебична работа и посветеност во образованието.

 Честитки до сите добитници на наградите и благодарност за љубовта, трудот и енергијата што секојдневно ја вложуваат во воспитувањето и образованието на младите генерации. Образованието е темел на секое успешно општество, а наставниците и професорите се неговата најголема сила – истакна Почивалец во своето обраќање пред присутните.

 



© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!