Вчера на Градскиот стадион во Радовиш беа одржани традиционалните Првомајски Атлетски трки. Првомајските традиционални натпревари се под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Герасим Конзулов. Учесниците-дечиња имаа можност да се натпреваруваат во дисциплините: Трка на 400 метри – Ученици од IV и V одд. (машки и женски), Трка на 600 метри – Ученици од VI и VII одд. (машки и женски), Трка на 800 метри – Ученици од VIII и IX одд. (машки и женски), Трка во платнена вреќа – сите категории (машки), Трка со јајце во лажица – сите категории (машки). Во Спортска сала 25 Мај во Радовиш во склоп на оваа програма беа одржани и Турнир во Пинг Понг како и Tурнир во Шах. Првомајскиот турнир во Пинг Понг во Општина Радовиш – конечниот пласман на првите четвртопласирани е: 1.Место: Гоце Димоски 2.Место: Венко Стојанов 3.Место: Милчо Чачаров 4.Место: Марјан Крстев Исто така во неделата на Езерото Мантово беше одржан и Општински натпревар во спортски риболов Победници: 1-во место – Никола Кршков со улов 1.840 гр. 2-ро место – Васе Здравков со улов 1.780 гр. 3-то место – Драган Атанасовски со улов 1.580 гр. Post navigation ФК ПЛАЧКОВИЦА СО ПОРАЗ ОД ФК БОРЕЦ ЈП ПЛАВАЈА СО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ОД ВИСОКИТЕ ЗОНИ