Од денес почнуваат да важат новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет веќе не е „ситница“, туку прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра. Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра. Законот обврзува пешаците да се движат внимателно и без користење уреди кои го намалуваат вниманието при преминување коловоз или велосипедска патека. Од Нова година ќе следуваат и уште поригорозни казни за возачите – за минување на црвено и непрописно паркирање, а контролата ќе се врши преку камерите од проектот „Сејф сити“. Во повеќе европски земји ваквите правила одамна се воведени – во Франција казната за користење тротинет на тротоар е 135 евра, во Литванија пешак со телефон на пешачки плаќа до 40 евра, а во Данска и до 140 евра. На Балканот, Македонија сега важи за една од земјите со најригорозни правила за пешаците и корисниците на тротинети. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Над 2 милиони денари од партиската каса на Левица директно во џебовите на Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил Одржана претпоследната седница на Советот на општина Радовиш