Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,61%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија од 13.07.2020 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,370 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 26,215 ден/кг. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation КАДЕТИТЕ РИБОЛОВЦИ ОД РАДОВИШ УЧЕСТВУВАА НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО „У15“ ВО ДОЈРАН ЕДИНИЦИTE НА МЗШВ ЌЕ РАБОТАT И ВИКЕНДОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ