Организирана традиционалната „Рибарска дружба“ и еколошка акција во организација на Риболовниот клуб „Радовишки рибар“ на езерото Мантово. Во духот на заедништвото, пријателството и љубовта кон природата, сите присутни уживаа во прекрасниот ден исполнет со дружење и риболов. Посебни пофалби им упатуваме на оние кои се истакнаа со својата умешност и посветеност На оваа дружба покрај еколошките активности-чистење на бреговите од езерото се одржа и натпреавар во риболов каде што најдобрите успеаа да се закитат со признание. Прво место – Раде Петрески Второ место – Драган Атанасовски Трето место – Леон Фенов Информираше организаторот на настанот „Радовишки рибар“ Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Денешен ден 14 Септември… Одржан традиционалниот „Јуручки фестивал“