Со свечено отворање вечерва започна јубилејното 10. издание на традиционалниот Турнир во мал фудбал „Ораовица 2026“, спортска манифестација која веќе една деценија ги обединува љубителите на фудбалот, спортот и дружењето. Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, истакна дека му претставува особена чест што токму оваа година има можност официјално да го отвори јубилејниот турнир, кој од своето прво издание во 2016 година прерасна во препознатлива спортска традиција. „Горд сум што овој турнир веќе 10 години е симбол на спортот, фер-плејот и заедништвото. Од 2016 година до денес, Ораовица создава традиција која ги поврзува генерациите и ги обединува љубителите на фудбалот. Им посакувам на сите екипи фер и успешни натпревари, а на публиката многу возбудувања и убави спортски моменти. Нека победи најдобриот“, порача градоначалникот Почивалец. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Rеконструкција на локалниот пат – стариот пат Радовиш – Струмица, на делницата од селото Калуѓерица кон село Дукатино 📢 Рудникот Бучим распиша огласи за вработување – отворени повеќе работни позиции