Денеска во посета на Радовиш престојуваше Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во Македонија, која оствари средба со градоначалникот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец.

На средбата беа разменети мислења за можностите за соработка, локалниот развој и реализацијата на идни проекти од интерес за Општина Радовиш и нејзините граѓани.

Посетата претставува значајна можност за воспоставување и унапредување на соработката со германските институции и партнери, со цел поддршка на локалниот развој и создавање нови можности за општината.

Покрај официјалните разговори во Општина Радовиш, амбасадорката Петра Дрекслер имаше можност да го посети и еден од најзначајните духовни и културно-историски симболи на градот – храмот „Св. Троица“, каде што се запозна со неговото значење и богатото културно и духовно наследство.

Посетата беше можност за размена на искуства, воспоставување нови контакти и отворање перспективи за идни партнерства во интерес на развојот на Радовиш и подобрувањето на условите за живот на граѓаните.


 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

error: Содржината е заштитена !!