Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера ја презентираше програмата Платформа 1198 најави клучни проекти кои ќе ги реализира идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори. „Платформа 1 198“ на ВМРО-ДПМНЕ се потпира на пет клучни столба, а доминантна во програмата, како што посочи лидерот на партијата Христијан Мицкоски, е економијата, најавувајќи меѓу другото укинување на балансерот, реорганизација на институциите и нови министерства за енергетика и за социјална политика, демографија и млади. -Првата клучна промена за која очекувам поддршка од сите политички партии е парламент со 90 пратеници. Петте клучни столба на програмата на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Мицкоски, се активна и постојана борба за квалитетен животен стандард, отворање на фронт против корупцијата, работа на институтциите според закон, обезбедување на функционален систем за граѓаните и заеднички патриотизам кој, како што рече, во суштината е патриотизам кој обединува. -Со „Платформа 1 198“ се обврзуваме на раст на БДП до 5 проценти годишно, ниска стапка на инфлација не повеќе од 2- 2,5 проценти годишно, буџетскиот дефицит постепено ќе се намалува на ниво под 3 проценти од БДП, намалување на невработеноста до 7,5 проценти односно создавање на нови 55 илјади работни места, рече Мицкоски, најавувајќи задржување на рамниот данок, незголемување на данокот на личен доход и на данокот на добивка, даночно ослободување кај данокот на личен доход за нововработените млади до 29 години, целосен поврат на данок на личен доход за секоја вработена жена со новороденче… Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ПОЗНАТ И РЕДОСЛЕДОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ПРОГРАМА НА СДСМ – европски плати и подобар животен стандард…