Денеска Струмица беше во знакот на спортот, рекреацијата и позитивната енергија, каде што се одржа спортскиот настан „Струмица на улица – Sunday Run 2026“, кој собра над 1.000 учесници и љубители на трчањето.

Учесниците имаа можност да ги покажат својата издржливост, подготвеност и спортски дух на трките во должина од 5, 10 и 20 километри.

На овој спортски настан учество зедоа и голем број натпреварувачи од Радовиш, кои успешно го претставија својот град, покажувајќи посветеност, издржливост и вистински спортски дух. Радовишките тркачи остварија забележителни настапи и освоија признанија, а посебен успех постигна Марија Гинова, која го освои третото место на трката на 20 километри во женска конкуренција.

Настанот ја претвори Струмица во вистински центар на спортот и активниот живот, испраќајќи силна порака за важноста на физичката активност, здравите навики и дружењето преку спортот.

Честитки до сите учесници од Радовиш за успешниот настап и достојното претставување на нашиот град!

Струмица трчаше, се дружеше и живееше во ритамот на спортот!

 

Ваш информативен портал Radovis News – www.radovisnews.mk


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!