Пред голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот вчера беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“. Со поздравен говор на почетокот на присутните им се обрати Градоначалникот на општина Радовиш, Љупче Почивалец а потоа беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување во изминатата 2025 година и благодарници за компаниите кои го помагаат спортот во нашиот град. За најдобар спортист на годината признание доби одбојкарот и член на Македонската одбојкарска репрезентација нашиот Кристијан Илиев кој настапува за ОК Струмица. Информативниот медиум -порталот Radovis News ја пренесуваше синоќа оваа манифестација во живо. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Распишан тендер за набавка на медицински услуги за потребите на рудник Бучим „Прости ми, и нека ти е простено” – се славеше Прочка!