РК Радовиш ја започнува натпреварувачката сезона во петок, и тоа на гостински терен во Струмица кај новиот Суперлигаш, РК Астарион. Нашите ракометари подготвени и фаворитски влегуваат во овој натпревар, мотивирано со голем број на повратници-играчи кои очекуваме дека ќе ја оправдат довербата на управата и тренерот Љупче Мијалов, исто така и играчите-костурот на екипата кој се со обновени договори и кој минатата сезона имаа одличен пласман на табелата освојувајки го петтото место. РК Радовиш денес имаше контролни тестови за сите играчи и управата и лицата кои се дел од клубот како техничкиот персонал, се надеваме дека овие тестови ќе се негативни и без никакви проблеми нашиот клуб ќе влезе во петочниот натпреавар донесувајки ги првите бодови во Радовиш. Овој натпревар како и сите други од оваа сезона љубителите на спортот и ракометот ке ги следат преку Live streamnig на каналот на РФМ и ФБ страницата на РК Радовиш, сите натпревари ќе се одиграт без публика поради донесените мерки за заштита и превенција од вирусот. Во оваа сезона суперлигашите се поделени во две групи нашиот клуб е во групата „А“. ГРУПА „А“ Охрид, Пролет, Радовиш, Струга, Астраион, Голден Арт, Јуниор КВ. 1. Коло: Астраион – Радовиш Јуниор К. В. – Пролет Голден Арт – Охрид Струга е слободна ГРУПА „Б“ Металург, Бутел Скопје Е. Пелистер 2, Работнички, Тиквеш, Прилеп, Младост (Б) 1. Коло: Младост – Тиквеш Работнички – Бутел Металург – Е. Пелистер 2 Прилеп е слободен Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер имат обврски и настап во Лигата на шампиони и СЕХА лигата, и се ослободени од првиот дел од сезоната и ќе се приклучат во Плеј-оф завршницата. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation ПОЛОЖЕН ВЕНЕЦ ОД СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА“ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА