Ракометарите на РК Радовиш се враќаат победнички од Битола, на гости го совладаа за прв пат големиот Пелистер.

Убедлив триумф на нашите ракометари со чекор до Плеј-оф завршницата, вечерва покажаа дека играт со срце за Радовиш.

РК Пелистер имаше почетно водство на почетокот, минимално (6-4), потоа РК Радовиш поведе (9-10), за да резултатот на полувреме биде 13-14 за нашите ракометари.

Кон средината на второто полувреме беше изедначено (17-17), потоа домаќините поведоа (19-17), пак РК Радовиш доминираше (21-22) и една мала серија на РК Радовиш за важната победа во Битола (22-24).

Ивица Илиев постигна девет гола,  Долдуров четири, кај домаќините  Талевски пет, Петровски четири погодоци.


РК ПЕЛИСТЕР – РК РАДОВИШ 22:24 (13:14)

Сала: Боро Чурлевски во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ПЕЛИСТЕР: Трајковски 3, Блажевски 1, Петровски 4, Димитровски 2, Митревски, Мандиќ 1, Ивановски, Димитровски 1, Апостоловски, Петовски, Ристевски, Димитров 2, Талевски 5, Илиев, Буторац 3, Вардовски.

Седмерци: 3/6. Исклучувања: 2 мин.

РАДОВИШ: Паунов 1, Стојановски, Јованов, Ѓорѓиевски 1, Долдуров 4, Ѓорѓиев 2, Постолов, Фенов, Б.Ѓорѓиев, Органџиев 1, Николов 3, Ристов, Тушев, Илиев 9, Трајанов, Везенковски 3.

Седмерци: 2/2. Исклучвања: 14 мин




 

[metaslider id=”11006″]


[metaslider id=”11123″]




[metaslider id=”12047″]

 


[metaslider id=”11231″]


 



 





 

error: Содржината е заштитена !!