Турската Демократска Партија (ТДП) ги потврди на својата конвенција листите и градоначалничките кандидати кои ќе бидат за претстојните локални избори. За Радовиш ТДП ќе има своја листа со носител Селман Јусуф.

 


Почитувани жители на општина Радовиш и околните села, драги сограѓани,

Со голема чест Ви објавувам дека под покровителство на Турската Демократска Партија (ТДП) се кандидирам за Член на Советот на Општина Радовиш.

Мојата цел е да им овозможиме подобри услови за живот на граѓаните од Радовиш и околните села, на Турците и Македонците, да наоѓаме решенија за нашите проблеми и да придонесуваме за развојот на нашиот град.

За иднината на Радовиш, со ваша поддршка, ветувам дека во Советот ќе го дадам најдоброто од себе.

Заедно за посилен и поубав Радовиш и околните села – информираше Селман Јусуф

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

error: Содржината е заштитена !!