Поминаа четири дена од кампањата за вториот круг на Локалните избори 2021, а кандидатите за градоначалници и лидерите на поголемите партии полека ги зголемуваат своите активности.

Партиите од владејачката коалиција потврдија дека владиното мнозинство останува стабилно и сплотено и дека ќе ги поддржат нивните кандидатите за градоначалници во вториот круг, а истото го направија и партиите од опозицијата. Вчера официјална средба во Собранието имаа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијансата за Албанците, Христијан Мицкоски и Зијадин Села, на која ја потврдија заемната поддршка за нивните кандидати во вториот круг. Ден претходно Мицкоски имаше телефонски разговор со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши на кој исто така беше потврдена соработката за вториот круг.

Од опозицискиот табор велат дека работат на ново парламентарно мнозинство кое го најавуваат по вториот круг на изборите, а од владејачкиот табор порачуваат дека актуелното мнозинство е стабилно и дури најавуваат и негово окрупнување.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Радовиш порача дека новата иднина е на дофат, потребен е само уште еден исчекор, уште еден значаен потег, гласањето на 31 октомври на кое, како што рече, граѓаните ја имаат моќта и силата. Додаде дека новата иднина не е само испишаното во програмата на ВМРО-ДПМНЕ туку е бедем, тврдина на принципи и морал кој сакаат да го внесат во македонската политика.

-Новата иднина е ново време каде народот мора да започне економски да се засилува. Да има повеќе пари за народот, поголема поддршка за земјоделците, рече Мицкоски и повика да престанат поделбите во државата и да се вреднуваат желбите и потребите на луѓето.

Го обвини лидерот на СДСМ дека ќе настапел со негативна кампања, со оживување на сеништата со кои Заев живеел длабоко во минатото.

-Доста и е на Македонија од конфликти и делби. Доста е од граѓани кои се делат на наши и ваши. Ова е нашата Македонија, Македонија на народот… Ни стават во уста работи кои ниту сме ги рекле, ниту сме ги ветиле. Сето тоа треба да ве одврати и да ве натера да не гласате. Да помислите дека сите се исти. Нивниот поткуп и притисоци имаат намера да го обезбвреднат вашиот глас. Одговорот мора да биде масовна излезеност, бидејќи сме само на чекор до целта – победа за нова иднина, победа за нов почеток и нова надеж, подвлече Мицкоски.

На овие избори, порача, се праќа силна порака до власта која владее цели 52 месеци, а на изборите бара повторно апсолутна моќ, освен во владата и во општините, и се однесува како да е опозиција и го потценува сопствениот народ.

-Сакаат да заборавиме кои се и што направија изминативе 52 месеци. Затоа, ги повикувам сите гласачи, кои сакаат нешто да се промени и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определија првично за нас, и оние кои се разочарани од политиката, ајде да се обединиме, повика Мицкоски од Радовиш. ќе гласаат во вториот круг, посочи Шилегов во интервју за ТВ Канал 5 и додаде дека се надева на сојуз со граѓаните.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев очекува зголемување на парламентарното мнозинство и смета дека не треба да има предвремени парламентарни избори за земјата да може да се посвети на економијата. Вели дека Владата е стабилна и дека тоа го потврдиле и партнерите во коалицијата што ја предводи неговата партија. Смета дека не треба да има предвремени парламентарни избори, зашто двете и пол години без избори треба да се искористат за подобрување на економијата.

-Посветени сме на вториот круг, да го подобриме резултатот и веруваме во тоа, затоа што правиме обединување, затоа што имаме сериозна државна национална коалиција. Во 19 општини водиме во првиот круг, ама имаме шанса во 32, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Државната изборна комисија (ДИК) вчера на јавна седница со 4 гласа „против” и 3 „за” го отфрли приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците (АА) и Алтернатива за нивните забелешки за гласањето во првиот круг на Локалните избори на избирачкото место 543 во Дебар. Претставникот на АА и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека Државната изборна комисија ќе формира комисија која ќе изврши увид во целокупниот избирачки материјал од избирачкото место 543 во Дебар и откако таа ќе ги добие решенијата ќе се закаже седница за што јавноста ќе биде навремено информирана.

ДИК вчера не го прифати ниту приговорот на Движењето „Одлучно за промени” на ЛДП и ДОМ, а ги отфрли и приговорите на Демократската партија на Турците. Одбиени беа и сите шест приговори на Левица, од кои четири за Штип и два за Кисела Вода, поради тоа што партијата во прилог не доставила материјални докази. Отфрлен е и приговорот на партијата Твоја поради тоа што е поднесен по рокот.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, пак, ги повлекоа своите приговори за првиот круг од гласањето на Локалните избори.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

error: Содржината е заштитена !!