РК Радовиш кој ги започна подготовките за претстојниот дел од првенството, активно ги реализира тренинзите во ладната спортска сала во Радовиш. Тренерот Мијалов истакна дека и покрај минималните услови во салата екипата се подготвува и следната недела ке се одиграт два контролни натпревари. РК Радовиш ќе гостува во Прилеп на истоимената екипа РК Прилеп, и во Кавадарци кај ГРК Тиквеш. Планирано е да се одиграт уште 3-4 контролки пред почетокот на пролетниот дел на сезоната кој започнува на 29 февруари, а во Радовиш ни гостува РК Пролет од Скопје. Post navigation АХВ: НЕМА ПРИСУСТВО НА АФРИКАНСКА ЧУМА СЛУЖБЕНИ ЛЕГИТИМАЦИИ ЗА ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ТППЕ РАДОВИШ