Советот на општина Радовиш на дневниот ред ги имаше следните точки: Советнички прашања на кој одговор даде Градоначалникот Љупче Почивалец. Предлог Одлука за усвојување на Програма и финансиски дел за манифестацијата “Самун ем Татлија 2025“ и исплата на одобрени финансиски средства.
Советниците на денешната седница исто така донесоа и Предлог Одлука за ослободување од надоместок за ограничување на паркирање (зонско паркирање) на подрачјето на општина Радовиш за време на манифестацијата ,,Самун ем татлија”. Предлог Одлука за работа со продолжено работно време на угостителските објекти во општина Радовиш за време на манифестацијата ,,Самун ем татлија. Предлог трета измена на развојна Програма Градски пазар и усвојување на Извештаите на работните тела на Советот на општина Радовиш.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!