На 11.12.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на место викано „Чешме маале“ на регионален пат планина Плачковица – Радовиш, Ј.З.(60) од Радовиш управувајќи патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш. *Фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ПРИЈАВА НА ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА НА ЛИЦА ОД БУЧИМ ВРЗ ЛИЦЕ ОД ТОПОЛНИЦА ОДРЖАНА РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА ОПШТИНИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН