ТППЕ Радовиш во соработка со Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Радовиш организираa вежба за евакуација во ООУ „Коста Рацин“ Подареш. Во вежбата беа вклучени 150 ученици и 20 вработени во училиштето. По претходно утврдено сценарио беше организирана вежба за спасување во случај на пожар. Притоа, ТППЕ ги обучи вработените и учениците како треба да постапат во случај на таква катастрофа и се запознаа со возилото кое е целосно опремено за секаков вид на интервенции. Извршена беше евакуација на повредените ученици и на истите им беше укажана прва помош од страна на обучени волонтери од Клуб на млади на Општинската организација Црвен Крст Радовиш. Post navigation ОДРЖАН МЕМОРИЈАЛЕНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „НАШИ ВЕЧНИ ХЕРОИ 2019“. ФУДБАЛСКИTE КЛУБОВИ ВИКЕНДОТ ЈА ЗАВРШУВААТ СЕЗОНАТА КАКО ДОМАЌИНИ