Викендот што измина стрелачката екипа на Радовиш учествуваше на Меѓународниот  турнир „Магнум“ кој се одржа во Богданци, каде што учествуваа над 50 стрелци.

Екипата во состав Иван Атнасовски, Ѓорги Ципушев и Кире Горгиев го освои 3-то место во екипна конкуренција, додека Горѓи Ципушев беше четврти во поединечна конкуренција од шесте најдобри стрелци.

Инаку оваа стрлачкка екипа на Радовиш во изминатиот период учествуваше на четири турнири, и освоија исто толку пласмани и пехари во екипна конкуренција, и во поединечна конкуренција.

Честитки од редакцијата на RadovisNews за успесите!

error: Содржината е заштитена !!