Дефанзивецот Коста Манев и официјално е ново засилување на Вардар, откако црвено-црните вчера го промовираа 25-годишниот Манев за следната сезона. Станува збор за фудбалер кој по седум години во Финска се враќа во Македонија и потпиша договор на една година со опција да го продолжи на уште една. Манев е роден во Радовиш, но целата кариера ја минува во клубови во Финска во екипите на Клуби 04, Викингит, ПК-35, Хонка, Интер Турку и Кеми. „Вардар е во најголемиот клуб во Македонија, и јасно ми е дека секогаш очекувањата се високи, секогаш приоритетите се освојување на титула. Посакувам во новата сезона да ја вратиме титулата онаму каде што и е местото, и да стигнеме што е можно подалеку во Лигата на Европа. Доаѓам во клуб кој лани мина одлично во Европа, и посакувам така да биде и престојното лето. Очекувам да се вклопам во новиот клуб што е можно побрзо, да ги запознаам моите нови соиграчи и да се вклопам во системот на тренерот на стручниот штаб и неговите идеи. Јас со напорна работа ќе се обидам да се наметнам, и да дадам придонес Вардар да има успешна сезона“, рече новиот стопер на „црвено-црните“. Post navigation ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕРЕЊЕ НА УЛИЦИ СО ЦИСТЕРНА СО МЛАЗНИЦИ СТРЕЛЦИТЕ ОД РАДОВИШ СО УСПЕСИ ОД ТУРНИРОТ „МАГНУМ“