Во Македонија времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Температурата утринска ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, поинтензивни околу пладне и попладне, проследени со засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 7 степени. Следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст. УХМР Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД НЕДEЛАТА НА МЛАДИ, НА ВОЛОНТЕРИ ОД КЛУБ НА МЛАДИ ПРИ ООЦК РАДОВИШ II МЕЃУНАРОДЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ,,ЕСЕНСКИ ПЛОДОВИ”