Овој викенд на тениските терени во Радовиш се одржа турнир во тенис во организација на ТК „АС“ од Радовиш. Турнирот беше одржан во склоп на одбележувањето на 6-ти ноември-денот на ослободувањето на Радовиш. Натпреварите се одиграа во три возрасни категории, а на истите настапија 30 дечиња од нашиот град. Во најмалата возрасна категорија првото место го освои Марија Јованова, во средната категорија Јован Митев, додека кај највозрасните, најдобар и најсреќен беше Никола Сараманодов. Честитки за организацијата на овој прекрасен турнир и дечињата кои зедоа учество по повод Јубилејот „75 години слободен Радовиш“. [metaslider id=”11006″] [metaslider id=”11123″] [metaslider id=”12047″] [metaslider id=”11231″] Post navigation ЗАПОЧНУВАТ ОСМИНАФИНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ 22 ДЕЧИЊА ОД РАДОВИШ УЧЕСТВУВАА НА ЏУДО ТУРНИРОТ „МИОКИ ОПЕН“