Територијалната противпожарна единица Радовиш денес (08.07.2026) успешно интервенираше на пожар кај село Калуѓерица, каде гореле сува трева и ореви во непосредна близина на куќи. По дојавата во 10:30 часот, екипа со едно противпожарно возило и тројца пожарникари веднаш излегла на терен и со брза реакција спречила пожарот да се прошири и да предизвика материјална штета. Пожарот бил целосно локализиран и изгаснат, а интервенцијата завршила во 11:30 часот. Од ТППЕ Радовиш повторно апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни поради високите температури и во случај на пожар веднаш да пријават на 112 или 193 © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Положено свежо цвеќе на споменикот на Дедо Дане Трајков на планината Плачковица Граѓаните имаат дополнително време за аплицирање за субвенции за природен гас