Транспаренси Интернешнл – Македонија денеска одржа состанок со организацијата „Женска акција“ од Радовиш. „Женска акција“ е асоцијација за унапредување на статусот на жените во современите општествени процеси во Македонија. На состанокот беа презентирани наодите од Националниот систем на интегритет, анализа подготвена во рамките на проектот: „ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија и Владата на Швајцарија. И двете организации се корисници на грантови од Смарт Балканс, па на овој работен состанок се разговараше и за проектите и активностите кои ги спроведуваат организациите, а исто така се разгледаа и можностите за идна соработка. Транспаренси Интернешнл – Македонија и во наредниот период ќе продолжи со организирање на средби со организации на локално ниво со цел остварување понатамошна соработка. Транспаренси Интернешнл Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДЕНЕШЕН ДЕН 29 МАРТ … СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ – денеска беа доделени договорите за стипендирање