Во наредните денови Граѓанскиот креативен центар „КРЕА“ од Радовиш ќе го спроведува Проектот „OLD CITY TOUR – ТУРА СТАР ГРАД“ кој е поддржан од општина Радовиш.

Проектот е од информативно-едукативен карактер и наменет за учениците од III до VI одделение, а се однесува на запознавање со дел од културно-историското наследство на град Радовиш.

Учениците имаат можност во времетраење од 40-45 мин., од професионалниот туристички водич – Оливер Бојаџиев да научат информации за: стариот Јавор-Платан, Римскиот мост, Амам маало, Туљбето, Кибир џамија, Шадраванот, Парк на млади, Ацо Караманов, Чаршијата, Св.Спасо Радовишки, Гавритско маало, куќата на Чаеви, Радовишка река, Участокот, Градскиот стадион и други знаменитости.

Секој ученик, бесплатно добива информативен флаер и посебно изненадување благодарание на успешната соработка со Леблебеџилница „Македонија“ кои ја красат нашата чаршија.

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации