Како што пренесува Капитал, фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш оди во стечај. Со решение од Основниот суд Скопје 2, донесено на 19 јуни годинава, е отворена стечајна постапка над должникот фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш, откако Судот го прифатил барањето на фирмите Вимил од Скопје и Интер Браук за отворање на стечај во Јака 80 Радовиш. За стечаен управник е назначен Драги Момировски, со што во Централниот регистар е избришан Јовица Стефановиќ Нини кој како генерален директор досега беше овластено лице во радовишка Јака 80. Врз фармацевтската компанија Јака 80 од Радовиш Основниот суд 2 во Скопје веќе еднаш отвори стечајна постапка во почетокот на 2015 година, но неколку месеци подоцна стечајот беше прекинат и беше прифатен Планот за реорганизација на компанијата. Во март годинава дел од сегашните и поранешни вработени од фармацевтска компанија ,,Јака 80’’ излегоа на протест пред затворените погони во Радовиш и си ги побараа заостантите плати и отпремнини од Јовица Стефановиќ – Нини, за кого тврдат дека уште е газда. Освен за заостанатите плати за минатата година, пред затворената фабрика во Радовиш протестираа и за неисплатените плати и отпремнини за периодот до 2010, кога производството на лекови и козметика од Радовиш се пресели во Скопје. Целосната статија прочитајте ја во Kapital Post navigation ФК ДЕТОНИТ ЗАПОЧНА СО ПОДГОТОВКИТЕ -ЈАНУШЕВ НОВ ТРЕНЕР НА ВТОРОЛИГАШОТ ДЕТОНИТ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ ОД ТРЕТАТА УРБАНА ЗАЕДНИЦА ВО РАДОВИШ И НАСЕЛБА РАКЛИШ