Познати се сите шеснаесет екипи кои ќе играат во четвртфиналните групи од Купот на Македонија во ракомет, а во пресрет на ждрепката се објавени и сите четири квалитативни шешири. Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер се најде во првиот шешир заедно со Вардар 1961, Алкалоид и ГРК Охрид, додека Еурофарм Пелистер 2 ќе ги чека своите противници од третиот шешир. Куп на Македонија 2024/25 – групна четвртфинална фаза: Шешир 1: Еурофарм Пелистер, Алкалооид Ракомет, Вардар 1961, Охрид Шешир 2: Тиквеш, Бутел Скопје, Пролет, Струга Шешир 3: Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Прилеп, Куманово Шешир 4: Радовиш, Партизан Гевгелија, Аеродром, Борец Фруитленд Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26 и 27 април, а завршниот турнир ќе се игра за време на викендот од 15 до 18 мај. Post navigation Светски ден на свесноста за Аутизмот Седница на Општинскиот Совет за превенција на детско престапништво