Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), во соработка со Брегалничката епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, објавува јавен повик за доставување авторски трудови за Зборник посветен на ликот и делото на Света Лидија Македонка.

Зборникот се подготвува по повод 15-годишнината од осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонка“ во Свети Николе, а неговата промоција ќе се одржи на денот на одбележувањето на овој значаен јубилеј.

Право на учество имаат сите заинтересирани авторки, истражувачки, професорки, теолози, научни и културни работнички, публицистки и други лица кои со својот труд ќе придонесат кон содржината на Зборникот.

Трудовите треба да бидат изработени на македонски јазик, во Word формат, со фонт 12 и со максимална должина од 7 страници (А4 формат).

Авторските трудови се доставуваат по електронски пат на адресата [email protected], а крајниот рок за доставување е 1 септември 2026 година.

Од КОВЗРГ ги повикуваат сите заинтересирани автори да се вклучат во овој значаен проект, кој има за цел да го афирмира ликот и делото на Света Лидија Македонка – првата христијанка во Европа и значаен духовен симбол на македонското христијанско наследство.


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!